Придружба · Германски и англиски

Некој со вас што го зборува јазикот.

Состанок, нотар, шалтер или лекар — доаѓаме со вас и го водиме разговорот на германски или англиски.

01

Што опфаќа

Секаде каде што разговорот е поважен од документот.

Деловни состаноци

Преговори, посета на фирма или објект, разговор со добавувач. Толкување на лице место, без опрема и без формална постапка.

Институции и шалтери

Матична служба, катастар, управа за приходи, банка, осигурување. Придружба до шалтер и објаснување што точно се бара.

Лекар и болница

Преглед, специјалист, стоматолог. Разговорот се пренесува точно, вклучително и она што пациентот сака да го праша.

Нотар и адвокат

Потпишување договор, полномошно, купопродажба. Кај нотарски акти со странец присуството на судски преведувач е дел од самата постапка.

Имот и купопродажба

Разгледување, разговор со сопственик или агенција, обиколка на општина и катастар пред потпис.

Ориентација во градот

Прв ден во непознат град — сместување, картичка за телефон, превоз, каде се јаде. Придружба, не туристичко водење.

02

Како се договара

Колку однапред јавите, толку подобро — но и истиот ден е можно.

  1. Јавете се

    Кажете датум, град и колку часа приближно. Viber, WhatsApp или е-пошта.

  2. Добивате понуда

    Фиксна цена за договорениот опсег, без обврска.

  3. Потврда

    Го фиксираме терминот и се договараме за местото на средба.

  4. На лице место

    Доаѓам на договореното место и останувам додека трае ангажманот.

03

Цена и услови

  • Цената се договара по час или за цел ден, според градот, времетраењето и видот на ангажманот.
  • Патувањето надвор од градот се пресметува посебно и се договара однапред.
  • За нотарски акти и постапки пред орган кажете го тоа однапред — таму е потребно својство на судски преведувач, не само познавање на јазикот.
  • Откажување е бесплатно до 24 часа пред терминот.
04

Контакт

Најбрзо преку Viber — испратете фотографија и добивате одговор истиот ден.

Е-пошта
vanemilkovski@gmail.com
Работно време
Пон–Саб, 08:00–20:00

Одговараме истиот ден во работни денови.